На млада 27-годишна жена која престојувала во хотел во скопски Чаир синоќа ѝ се слошило поради што била повикана Итна помош која ѝ укажала медицинска помош и ја транспортирала до Клиничкиот центар каде починала.
Како што информираат од МВР, синоќа во 0.50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на улицата „Чаирска“ во Скопје за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а лицето е предадено на обдукција.