Единаесет лица се повредени во експлозија во познатата улица и пешачка авенија „Истиклал“ во Истанбул.
Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција.
Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.
Турскиот медиумски регулатор привремено им забрани на локалните медиуми да прикажуваат снимки од моментот на денешната експлозија во Истанбул, како и од нејзините последици.
Како што пренесува АП, Турскиот одбор за радио и телевизија претходно воведе слични забрани по напади и несреќи, како и некои политички настани.
Во 2016 година на авенијата „Истиклал“ во Истанбул се случи терористички напад од бомбаш-самоубиец.