Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерс турнирот во Истанбул, Турција.
Таа во полуфиналниот натпревар беше совладана од романската тенисерка Ралука Шербан.
Ѓорческа по три часа и 55 минути игра претпе пораз од 5:7, 7:6, 6;3 по сетови.
Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.