Од членките на ЕУ, Франција со над 28.000 жртви има највисок број смртни случаи предизвикани од сообраќајни незгоди. Германија е веднаш зад неа со над 23.000 смртни случаи, а Италија е на третото место, со околу 18.500 случаи.
Кога станува збор за стапката на жртви во сообраќај на 100.000 жители, таа во ЕУ изнесува 31,8. Литванија има највисок просечен број на жртви на 100.000 жители во ЕУ (64,7), Хрватска е на второто место (56,8), додека Летонија е на третото (55,2), покажуваат податоците на Евростат.