Здравствените придобивки од медот веќе ни се добро познати, секое домаќинство има барем една тегла, но што ќе постигнете ако ги следите упатствата на постарите и навистина земате по едно кафено лажиче секое утро? Со зголемениот број луѓе што го исфрлаат белиот шеќер од својата исхрана, популарноста на медот почна да расте. Нутриционистите советуваат да го додавате во овесна каша, во колачиња, но и во други здрави специјалитети. Тој е идеална алтернатива на шеќерот, а е сосема природен.
Ако веќе не сте решиле да го вклучите во толкава мера во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за едно кафено лажичке мед секој ден – оваа едноставна рутина има голем број придобивки за нашето тело. Пред сѐ, редовното консумирање мед го зајакнува нашиот имунолошки систем, но тоа е само еден од многуте корисни ефекти на оваа намирница. Медот ја подобрува циркулацијата, ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам. Покрај тоа, ги подобрува варењето и регенерацијата на ткивата и ја поддржува регенерацијата на крвните елементи. Медот има антибактериско дејство, го подобрува исфрлањето на токсичните материи од организмот, а дејствува и против стресот.