Попладнево на Економскиот факултет во Прилеп започна 12 та меѓународна конференција „Економија, бизнис и општество во дигитализирана средина 2022“, која на едно место ги обединува претставниците од академската заедница и бизнис секторот, при што овие два дена ќе се споделат знаења, искуства и резултати од истражувањата и ќе се понудат решенија за низа проблеми од овие области.
Присутните ги поздравија ректорот на Универзитетот Св.„Климент Охридски” д-р Сашо Коруноски и д- р Драгица Оџаклиеска, декан на Економскиот факултет, која посочи дека се соочуваме со огромни предизвици како директна последица на економските, еколошките, социолошките и здравствените околности,кои вршат значителен притисок врз владите и компаниите ширум светот, да реагираат брзо за да се справат со економските притисоци.
На отворањето се обратија и д- Расим Јилмаз, д-р Глигор Бишев и д-р Желко Стојанов кои посочија дека е важно да се дискутира за проблемите и да се решаваат.
На меѓународната научна конференција овие два дена учествуваат над 180 автори од Романија, Полска, Србија, Бугарија, Турција, Косово, Албанија, Хрватска….кои ќе дебатираат за дигиталната трансформација на економијата, бизнисот и општеството.
Ка.М.