Еден од двајцата осомничени за убиствата на 10 лица во канадската провинција Саскачеван е пронајден мртов, соопшти локалната полиција.
Телото на Демиен Сандерсон (31) е пронајдено во староседелската заедница Џејмс Смит Кри.
Неговиот брат и втор осомничен Мајлс Сандерсон е во бегство.
Најмалку десет луѓе беа убиени, а 18 ранети во напади со нож во неделата.
Мотивот за нападите не е познат.
Еден од осомничените убијци во Канада барал помош, трауматизирани и оние што го избегнале