Полициски службеници од Одделението за безбедност при сообраќај при СВР Скопје синоќа околу 21:40 часот одзедоа шест возила поради учество во „диви трки“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– На 20.08.2022 околу 21.40 часот на ул. Бојмија во Скопје полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки – велат од МВР.
Оттаму информираат дека возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.