„Дата песнопој“ – Битола распишува меѓународен конкурс за:
• необјавена збирка песни;
• необјавен роман;
• необјавена збирка раскази;
• необјавена книга за деца.
Делата треба да ги исполнуваат општите критериуми за видот на кој му припаѓаат; да не се објавувани во целосно издание; да се пишувани на јазикот на кој авторите творат со кирилично писмо и со Times New Roman 12 со македонска поддршка.
Право на учество имаат сите литературни творци од Македонија и надвор од неа, без разлика на возраста, верската определба или друга припадност.
Ракописите со полно име и презиме, фотографија и биографија да се испраќаат исклучиво по електронски пат на следниот мејл:
[email protected]
Некомплетните ракописи нема да се разгледуваат.
Сите пристигнати ракописи ќе бидат разгледани од комисија и со посебна одлука ќе бидат предложени за објавување во едицијата „Книжевни меридијани“.
Сите објавени дела во 2022 година ќе бидат промотивно одбележани.
Новина на овој конкурс е што од сите објавени автори, редакцијата ќе направи избор по 10 страници за секој автор (и поезија и проза), ќе издаде зборник на авторите учесници и ќе му бидат доставени по пет бесплатни примероци на секој учесник.
Сите објавени дела конкурираат за:
– најдобра книга во својата категорија (поезија, проза);
– најдобра дебитантска книга;
– прогласување најдобар писател од дијаспората и најдобар странски автор;
– прогласување писател на годината;
„Дата песнопој“ – Битола со авторите на сите прифатени ракописи ќе склучи договор за издавање.
Конкурсот е отворен до 20.8.2022 година.
Контакт за информации: 075 388 822