Македонскиот првак Шкупи одигра нерешено против фаворизираниот Динамо Загреб, 2-2 на гости, во првиот меч од второто квалификациско коло за фудбалската Лига на шампионите.
Шкупи дојде во водство преку Инасио Куевен во 25-та минута, по што домаќинот изедначи со голот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми пред крајот на првото полувреме. Динамо потоа направи и пресврт со погодокот на Бруно Петковиќ во 86-та минута, но Реналдо му донесе реми на македонскиот првак три минути подоцна.
– Имавме контрола на играта и многу добри шанси, но и грешки кои нѐ чинеа многу скапо. Мора да биде многу подобри. Секако дека немаше потценување. Таков е фудбалот, мора да бидеш сконцентриран сите 90 минути – кажа Адеми по мечот.
Шкупи оствари поволен резултат пред реваншот што се игра во Скопје за седум дена. Победникот од овој дуел во следната рунда ќе се сретне со подобриот од пресметката помеѓу Лудогорец и Шамрок, во која бугарскиот првак денеска оствари предност од 3-0.