Изложба на 34 дела од Интернационалната Кичевска ликовна колонија e отворена денеска во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, дипломиран етнолог и антрополог, која посочи дека пред љубителите на ликовната уметност се 34 дела, кои се резултат на уметничката инспирација од автори од земјата и од странство.

-Интернационалната Кичевска ликовна колонија има за цел да го стимулира, поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби. Тоа е случај и со најновата експозиција. Колонијата се вбројува меѓу најдобрите ликовни колонии на Балканот. Во рамките на оваа колонија досега се создадени над 1000 уметнички дела од светски познати мајстори, коишто се чуваат во депото на Куќата на уметноста. Ќе забележите дека природните знаменитости, духовниот мир, чистиот воздух и зеленилото на кичевскиот крај се силна инспирација и за ликовно творештво – рече Атанасоска, на отворањето на изложбата на Кичевската ликовна колонија.

К.М.