Инспекторот во Управата за јавни приходи Ј.К.(63) од Скопје, вчера е приведен од полицијата. Тој во својство на службено лице, во текот на мај и почетокот на јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал поткуп од 700 евра за да изготви записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.
Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен.
По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.