Со отворањето на постојаната поставка на роднокрајното музичко творештво, со промоција на монографија и пригодна програма, прилепскиот Завод и Музеј денеска одбележа 67 години од формирањето.
Во поставката се изложени околу 200 експонати-плочи, компакт дискови, плакети и др., од 20 музичари кои дале придонес за музичката уметност во градот.
Лилјана Неделкоска автор на проектот посочи дека трудот на прилепските музички дејци, како Блага Петреска, Коста Смилески, Пеце Атанасоски, Илија Јанчулески, Гога Зафировски и многу други, е голем придонес во ризницата на македонската музичка култура.


Монографијата за 67 години Завод и Музеј, според директорот Благоја Атанасоски е вредна икона која ќе допре до срцето на секој читател и ја отсликува дејноста на институцијата што реализирала бројни проекти и добила значајни награди и признанија.

Ка.М.