Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година.
– Роковите за извршување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Северна Македонија – се наведува во соопштението.
Изборите, согласно Решението за нивно распишување, ќе ги спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори.