Десетици луѓе загинаа денеска во напад на католичка црква во Нигерија, јави германската нобинска агенција ДПА. Според соопштението од локалните власти, вооружени лица влегле во црквата „Свети Францис“, во јужниот град Ово, и почнале да пукаат кон верниците.
Властите не дадоа конкретни бројки, но локален весник објави дека има најмалку 28 загинати, додека други локални медиуми јавуваат за 50 жртви. Џихадистичките групи изведоа голем број крвави напади врз цркви во последните години во доминантно муслиманската северна Нигерија. Сепак, ова е прв напад на ваков храм во јужниот дел на земјата, каде што има претежно христијани, наведува ДПА.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот на црквата „Свети Францис“.