Фото: Зоран Антоски

Со воена свеченост денес во касарната „Чеде Филоповски – Даме“ во Кичево , припадниците  на 4.механизиран пешадиски батаљон од 1. пешадиска бригада го одбележаа  21 Мај, Денот на Единицата. Свеченоста со пригодни говори ја збогатија  командантот на 4.пмб потполковник Горан Трајаноски и командантот  на 1. пбр полковник Сашко Лафчиски.

– Ми претставува огромна чест и задоволство во оваа јубилејна година кога се навршуваат 30 години од формирањто на Армијата, а по повод Денот на единицата 21 мај, да ви се обратам како командант на 4. пмб.

Денешниот ден е од особено значење  за припадниците на 4.пмб. Денес се навршуваат 79 години, од сега далечната 1943 година, кога е формиран Кичевско –Мавровскиот партизански одред- истакна командантот потполковник Трајаноски и се наврати на активностите кои во изминатиот период ги реализира едниницата.

Фото: Зоран Антоски

– Можам да истакнам дека единицата покрај својата основна мисија, беше дополнително ангажирана во справување со големите предизвици на вирусот ковид 19. Заедно со МВР успешно и професионално ја спроведовме мисијата во спречување на нелегални минувања и неконтролирано движење од страна на мигрантите во  поширокиот реон на јужната граница, кое е од посебно значење за безбедноста на државата-подвлече Трајаноски и посочи на останатите активности на единицата, не заборавајќи ја и хуманоста во реализираната крводарителна акција.

Командантот на 1.пбр полковник Сашко Лафчиски рече дека 4. пб ги продолжува традициите на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.

– Денеска е деност кога им оддаваме признание на сите досегашни команданти на сите поранешни офицери и подофицери и војници за нивната работа во изминатиот период. Лафчиски нагласи дека 4. пб, заедно со 1. пбр претставува ударна тупаница на АРМ. Потребни се припадници кои ќе бидат господари на својата професија и затоа оваа година квалитетна обука беше приоритет број еден во нашата единица – рече командантот на  1.пбр. половник Сашко Лафчиски.

Потоа беа прочитани имињата на припадниците на единицата кои добија награди и стимулативни мерки, а беше прогласен и најдобриот вод.

Одбележувањето беше завршено со Тактичко–техничи збор на кој пред присутните беше прикажана дел од опремата со која располага единицата.

Фото: Зоран Антоски

На Денот на единицата присуствуваше и началникот на штаб на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, како и претставници од 4. бригада за асистенција на безбедносните сили од ВС на Сад , градоначалници и други гости.

З.А