Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да направи „силен чекор“ и да го посети Киев на 9 мај, датумот кога Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.
Тој упати повторно покана до Шолц, откако односите меѓу двете земји беа затегнати кога германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер минатиот месец беше спречен да го посети Киев.
– Тој беше поканет во Украина и таа покана е отворена веќе некое време. Тој може да го направи овој многу моќен политички чекор, да дојде овде на 9 мај, во Киев. Не го објаснувам значењето, мислам дека сте доволно културни за да разберете зошто-рече Зеленски во видео обраќањето во британскиот аналитички центар „Чатам Хаус“.
Во своето обраќање, Зеленски ја обвини Русија за ситуацијата во опколениот Мариупол, што тој ја опиша како „мачење“ и рече дека „не може да има преговори со Москва додека таму се убиваат цивили и војници кои можат да бидат евакуирани“.
-Денеска е 72-от ден од војната и нејзиниот крај се уште не е на повидок и не гледаме подготвеност на руската страна да ја прекине-додаде Зеленски.