Москва денеска најави протерување на 18 дипломати од мисијата на Европската унија во Русија. Одлуката доаѓа како одговор на сличен потег преземен од Брисел по офанзивата на Кремљ во Украина.
– Како одговор на непријателските дејствија на Европската унија, 18 членови на Делегацијата на ЕУ во Русија се прогласени за „персона нон грата“ и мора да ја напуштат руската територија што е можно поскоро – се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.