КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 21 ГОДИНА
Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2023 година во Романија и во Грузија. Младите фудбалери на Македонија на 24 март ѝ гостуваат на Србија во Белград, а на 29 март во Скопје ги пречекуваат Фарските Острови. По шест кола, Македонија е трета во групата Х, со шест бода, зад Франција (16) и Украина (13 бода), а потоа се Фарските Острови (шест), Србија (пет) и Ерменија (три бода). Првопласираните во деветте групи ќе играат на ЕП, како и две најдобри меѓу второпласираните, а уште шест селекции од вторите места ќе играат во баражот, за уште три места на ЕП 2023.
– Нѐ очекуваат два натпревара што се од исклучителна важност за нас. Радува фактот што сите фудбалери се здрави и подготвени за настап. Србија е одлична репрезентација, ќе има голема желба за победа, меѓутоа и ние сакаме да победиме. Фарските Острови се незгоден противник и иако сме фаворити на хартија, не смееме да ги потцениме – изјави селекторот Драги Канатларовски.
Состав: голмани: Давид Денковски, Марко Алчевски, Дамјан Серафимов. Одбрана: Филип Антовски, Блертон Шеји, Стефан Наумчевски, Марио Младеновски, Адриан Хајдари, Бесир Исени, Јован Манев, Виктор Крстевски. Среден ред: Алекс Златков, Димитар Тодоровски, Енис Фазлагиќ, Сефер Емини, Томче Гроздановски, Амел Рустемоски, Бојан Димовски, Арби Воша, Лука Станковски. Напад: Марко Ѓорѓиевски, Марио Илиевски, Методи Максимов.
ГРУПА Х
Франција 6 5 1 0 20-1 16
Украина 6 4 1 1 7-8 13
Македонија 6 1 3 2 4-7 6
Фарски О. 6 1 3 2 4-5 6
Србија 6 1 2 3 5-7 5
Ерменија 6 1 0 5 5-17 3