Во Битола, во присуство на висока владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспортi и врски Благој Бочварски, како и
заменик-шефот на делегацијата ан ЕУ, Џулиан Васала, претставникот на ЕБОР, Анди Аранитаси, гости од Бугарија и Албанија, беше поставен камен темелник за изградба
на нов далекувод од 400 киловати од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница.
– Инвестицијата на новиот 400 киловолтен далекувод кој ке ја поврзе Македонија со Албанија и Италија чини 17,2 милиони евра. Овој далекувод е дел од најголемиот капитален прокет од 50 милиони евра во преносната енергетска мрежа за
интерконекција на Северна Македонија со Абанија. Со новата енергетска врска Макеоднија се поврзува со Албанија, како последна земја со која нашата држава не
беше енергетски поврзана. На овој начин го заокружуваме процесот на поврзување со електро- енергетските системи на сите наши соседни земји , со кои веќе имаме пет
интерконекции на 400 киловолтно напонско ниво, две врски со Грција, по една со Србија, Косово и Бугарија. Со овој проект Македонија се позиционира како балканска
раскрсница за дистрибуција на електрична енергија. Проектот отвора широки економски потецијали, а подеднакво важно е градењето на добрососедските односи.
Со реализацијата на овој проект испракаме јасна порака до сите инвеститори дека ја јакнеме преносната мрежа на електрична енергија и создаваме поволен амбиент за оние
кои саккаат да го искористат економскиот потенцијал и да инвестираат – изјави на свеченоста премиерот Димитар Ковачевски. М.М.