Дваесетте примери што следуваат покажуваат незаборавни двојки од големиот екран. Без разлика дали ги сакате или не, дали сте љубител на филмот или не, тие секако ќе останат запаметени во историјата на филмот.
Скарлет и Рет – „Однесено со ветрот“
Тоа е една комплицирана и донекаде пресметана врска. А дека станува збор за љубов, Скарлет сфаќа дури кога веќе е предоцна.
Илза и Рик – „Казабланка“
Љубовта значи простување, надминување на своите фрустрации, несигурности и гнев. Токму тоа го прави Рик за Илза.
Марија и Тони – „Приказна од западната страна“
Забранетата љубов води до трагичен крај, во кој Тони го губи животот. Дури потоа другите ликови ја сфаќаат тежината на неговата жртва.
Сенди и Дени – „Брилијантин“
Сенди е толку симпатична и наивна на почетокот, а Дени е кул и див. И покрај сите пречки, тие на крајот (очекувано) стануваат љубовна двојка.
Бејби и Џони – „Валкан танц“
И Бејби и Џони уживаат во танцувањето. Таа е типична „фина девојка“, а тој „опасен тип“. Сепак, играта меѓу нив станува повеќе од танц.
Тринити и Нео – „Матрикс“
Тринити знае дека ќе се заљуби во таканаречениот Избран, а тоа е секако Нео. Како во бајка, нејзиниот бакнеж ќе го врати во живот.
Принцезата Леја и Хан Соло – „Војна на ѕвездите“
На почетокот изгледа како принцезата Леја и Хан Соло да не се поднесуваат. Но по принципот спротивните се привлекуваат, тие лудо ќе се заљубат.
Мери Џејн и Питер Паркер – „Спајдермен“
Таа се обидува да стане актерка, а тој е суперхерој. Меѓутоа, Мери Џејн се заљубува во Питер Паркер пред тој да стане Спајдермен.
Бела и Едвард – „Самрак“
Младата Бела се заљубува во мистериозниот Едвард. Излегува дека тој е вампир, а за да си го спаси животот ќе стане и таа.
Сали и Хари – „Кога Хари ја запозна Сали“
Вистинската љубов го наоѓа својот пат до сечие срце порано или подоцна. Така беше и со Сали и Хари, кои конечно се обединија по 12 години запознавање.
Вивијан и Едвард – „Убава жена“
Вивијан е дамата на ноќта, а Едвард е богаташ со меко срце. Таа на почетокот глуми негова девојка за пари, но на крајот се заљубуваат.
Бриџит и Марк – „Дневникот на Бриџит Џонс“
Палавата Бриџит ќе се најде во емотивни дилеми, но Марк на крајот ќе ѝ го украде срцето.
Џејн и Џон – „Господин и госпоѓа Смит“
Џејн и Џон водат двоен живот додека навидум се во обичен брак. Сепак, излегува дека тие се повеќе слични отколку што мислат.
Миа и Себастијан – „Ла Ла Ленд“
Не сите љубовни приказни имаат среќен крај, а ниту оваа. Харизматичната Миа и шармантниот Себастијан ќе откријат дека ништо не трае вечно.
Оливер и Елио – „Викај ме со твоето име“
Ништо не остава толку трага како првата љубов. Елио ќе го доживее токму тоа кога ќе го запознае Оливер за време на едно прекрасно лето во Италија.
Адел и Ема – „Сината е најтоплата боја“
Оваа интензивна приказна меѓу Адел и Ема сведочи дека љубовта може да дојде кога некој ќе се прифати себеси.
Елизабет и г. Дарси – „Гордост и предрасуди“
И на хартија и на големото платно, љубовта на Елизабет и г. Дарси прерасна во љубов што генерациите продолжуваат да ја прераскажуваат.
Јулија и Ромео – „Ромео и Јулија“
Класиката на Шекспир овде е пренесена во помодерен контекст. За Јулија и Ромео крајот останува трагичен, но љубовта е вечна.
Роуз и Џек – „Титаник“
Роуз е богата и крута, Џек е сиромав и љубопитен. Нивната средба е толку интензивна што ќе го смени текот на судбината и на двајцата.
Ели и Ноа – „Бележникот“
Љубовта не познава граници, дури ни оние на староста. Раскажувањето на приказната во филмот открива дека Ели и Ноа отсекогаш биле еден за друг.