Групата „Македонците во Швајцарија“ и Здружението „Ас-Анима психовелнес и советувалиште“ организираат две бесплатни игровни работилници за деца на возраст од 5 до 9 години и еден онлајн вебинар за стимулативно родителство.
– Играта е составен дел од детството на детето, низ играта детето се забавува, се социјализира, но што е најважно низ играта детето се развива, ја подобрува функцијата на мозокот и ја развива својата интелигенција. Работилниците „Повеќе од игра – преку игра до развој“ наменета е за деца на предучилишна возраст и рана училишна возраст од 5 до 9 години. Програмата содржана во работилниците ги опфаќа развојните потреби на детето на оваа возраст и низ игровни активности детето ги совладува потребните способности за совладување на наставната програма, ги зацврстува присутните способности и развива нови способности потребни за поаѓање на училиште – велат од здружението.
Децата вклучени во овие работилници ќе играат, ќе соработуваат, ќе научат тимски да делуваат, ќе научат што значи победа а што пораз, а сето тоа ќе придонесе за правилен социо-емоционален развој кај детето.
Работилниците ќе се реализира во групи од најмногу 8 до 10 деца, на возраст од 5 до 9 години, на 12 и на 19 февруари годинава, во Скопје на 12 и на 19 февруари во 12 часот. Вебинарот ќе се одржо преку Зум-платформата на 28 февруари во 20 часот. Пријавување на [email protected].