Домување

На прашањето како ја одржувате вашата бања мирислива, веројатно помислувате на разни спрејови, освежувачи и слични работи, но клучот всушност лежи во тоалетната хартија, откриваат експертите за одржување на домот.
Наместо да ја прскате бањата со разни освежувачи, кои често имаат агресивен и силен мирис, земете ролна тоалетна хартија и есенцијално масло по ваш избор – цитрус, нане, лаванда, роза…
На внатрешниот дел од ролната, односно на картонот додајте пет капки (или повеќе ако сакате посилен мирис) и вратете ја хартијата на држачот – и толку! Освен што е многу евтин, овој трик ви одзема само 30 секунди време.
Не е неопходно да се додаваат капки во наредните два дена, бидејќи мирисот секогаш кога ќе кинете парче хартија од ролната се „реактивира“ и се шири низ просторијата. Само повторете ја постапката кога ќе земете нова ролна.
Само внимавајте маслото да не дојде во допир со хартијата, бидејќи есенцијалните масла можат да ја иритираат кожата, особено интимните делови каде што се користи хартијата, пренесува „Ридерс дајџест“.