Првиот вицеприемиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од пратеникот во Европскиот парламент Илхан Кјучук и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу го посети денеска О.У. „Исмаил Ќемали“.
Целта на оваа посета е продлабочување на соработката меѓу две училишта „Исмаил Ќемали“ во Чаир и „Емилијан Станев“ во Велико Трново.
– Сега оваа соработка станува реалност во соработка со Европскиот парламент и г. Ќучук заедно со г. Ганиу кој е тука да ја официјализира оваа соработка меѓу двете училишта под официјална поддршка на Европскиот парламент – рече Груби.
Европратеникот Ќучук истакна дека заедно прават проекти во областа на образованието и културата.
– Целта е преку училиштата да направиме еден конкретен проект, помеѓу училиштата во Велико Трново и во Чаир. Проектот ќе се заснова на тоа учениците да видат како се одвива учењето во Бугарија и Северна Македонија врз основа на европската перспектива. Значи, јас сум тука со градоначалници и пратеници и идејата е да направиме што повеќе активности во областа на образованието и културата со решавање на најтешките проблеми бидејќи сум голем оптимист дека двата народа треба подобро да се познаваат – истакна европратеникот Ќучук.
Градоначалникот на Чаир Ганиу потенцијараше дека сака ова да биде добар чекор општините во иднина да воспостават уште поплодна соработка.
– Оваа иницијатива што ја започнавме пред неколку недели, денеска ги правиме првите чекори и ја официјализираме. Драго ми е што европратеникот го познава регионот и со ова училиште ќе воспоставиме подобра соработка во иднина. Сакам тоа да биде добар чекор и во иднина нашите општини да воспостават поплодна соработка со тамошните општини – нагласи градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
На оваа средба присуствуваа и директорите на училиштата Бурбуќе Имери и Антоанета Палангурска, кои изразија подготвеност за реализација на различни проекти со учениците.