Францускиот претседателм, Емануел Макрон, изјави денеска дека Франција и Германија нема да се откажат од дијалогот со Москва, но дека цената ќе биде висока доколку Русија одлучи да ја нападне Украина.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Макрон рече дека Европа и нејзините сојузници се обединети по прашањето за Украина, пренесе „Ројтерс“.
Претседателот на Франција најави дека в петок телефонски ќе разговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и најави дека ќе побара од рускиот лидер да ги разјасни намерите на Русија кон Украина.
Макрон оцени дека преговорите меѓу САД и Русија за Украина се добра работа, но дека допрва треба да покажат јасни резултати.