Познатата американска актерка и пејачка Барбара Стрејсенд вели дека, пишувајќи ја својата нова песна со политичка порака, таа имала намера да биде суптилна кон претседателот Доналд Трамп, но, потоа „се тргнало жестоко“.
Со песната „Немој да ме лажеш”, објавена денеска, Барбра Стрејсанд поставува прашања до американскиот претседател и го моли за промени.
Песната гласи: Како спиете кога светот се врти/ Се што изградивме е урнато/ Како спиете кога светот гори / Секој одговара на некого …
Стрејсенд истакна дека не може да го поднесе тоа што се случува.
– Неговиот напад врз нашата демократија, нашите институции, нашите основачи. Мислам дека сме во конфликт, ние сме во војна за душата на Америка – вели Стрејсенд.
Песната „Немој да ме лажеш“ се наоѓа на нејзиниот нов албум „Ѕидови“, кој ќе биде објавен на 2 ноември.