Членови на клубот за подводни дејности „Охрид“ денеска го чистеа дното на Охридското Езеро кај Градското пристаниште, каде на празникот Водици, в среда, ќе биде положен чесниот крст во осветените води. Нуркачите на „Охрид“, исто така, од вода ќе ги обезбедуваат капачите кои ќе пливаат по крстот во Охридското Езеро.