Иако помина само петтина од 21 век, тоа не ја спречи Американската асоцијација на сценаристи да ги избере најдобрите сценарија во овој век досега. Можеби главното изненадување е првото место, кое му припадна на хорор-филм, но оние што се поупатени ќе знаат зошто е токму таму.
Имено, победник во овој избор е сценариото за филмот „Бегај“ (Get Out), кое е реализација на Џордан Пил од 2017 година. Станува збор за филм што изненади многумина, бидејќи неговиот автор претходно беше познат исклучиво како комичар, а во своето режисерско деби донесе сериозна и мрачна приказна. Филмот доби четири номинации за „оскар“ – за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер во главната улога и најдобро оригинално сценарио (кое и го освои).
Од објавувањето, овој филм се најде на многу листи за најдобри филмови за таа година, а Џордан Пил донекаде го повтори успехот со психолошкиот хорор-филм „Ние“ (Us) од 2019 година. Следното нешто што нѐ очекува од него е филмот „Не“ (Nope), чија премиера треба да биде ова лето, а за кој не знаеме многу. Остатокот од топ 10 листата го сочинуваат само хитови, кои биле номинирале и освоиле „оскар“ барем во една категорија. Сите тие се исто така на многу листи со препораки и имаат високи оценки и денес.
Целосната листа:
„Бегај“ (2017)
„Вечниот сјај на
беспрекорниот ум“ (2004)
„Социјалната мрежа“ (2010)
„Паразит“ (2019)
„Нема земја за старци“ (2007)
„Месечина“ (2016)
„Ќе има крв“ (2007)
„Неславни копилиња“ (2009)
„Речиси позната“ (2000)
„Мементо“ (2000)