Етика за млади
Ние луѓето учиме од исклучителните морални личности чии дела и зборови се квалитетни, етички важни и влијателни. Секој човек треба да го повторува тој идеален пример.
Исус Христос има најзначајно место во историјата, пред сѐ за христијаните, како најраширена религија на светот, кои го сметаат за божји син, богочовек и спасител, а и другите луѓе во светот ги ценат неговите извонредни морални доблести, дела и поуки.
Исус Христос е роден на 7 јануари, Божиќ, во првата година пред нашата ера. Од неговото раѓање современиот свет ги мери годините. Во традиционалната хебрејска религија тој го донел духот на љубовта.
Христос постојано зборувал за љубовта и покажал дека со својата доблест може да најдеме решение и спас. Тој им го посочувал на луѓето патот кон исправен живот и избавување. Тој имал апсолутна моралност, неговата етика е една од најзначајните во човечката историја. Бил полн со добродетели, најдобрата личност што живеела на Земјата.
Бил благ, тивок, не го кревал гласот, не завидувал никому, не му се налутил никому. Немал ниедна злобна намера, не направил ниедно злодело. Бил образец на трпеливоста на издржливоста. Кај него се едногласни неговите својства, намери и постапки.
Од Христовото живеење и учење ја откриваме смислата на моралот и јасно се претставува најдобрата содржина на етиката. Основата за овој морал е љубовта на Христос, со која се разбудува човековата заинтересираност за светот, за блиските, за својот живот, а го поттикнува да го разбере светот околу себе и суштествата со кои живее.
Најмногу раздвижува токму највисоката љубов што ја покажал Исус Христос – љубовта за сите луѓе. Од таа љубов сме посвесни и подобри.
проф. д-р Кирил Темков
Етичка мисла
Љуби го ближниот свој како самиот себе!
Исус Христос