Иран им се закани на САД и на Израел дека ќе понесат одговорност за нападот врз парада на иранската Револуционерна гарда во западниот град Ахваз, во кој беа убиени 29 лица, а повредени над 70.
Исламската држава презема одговорност за нападот, а иранските власти ги обвинија соседните арапски држави, како и САД и Изрaел.
– Сте виделе како сме се одмаздувале порано. Ќе видите дека нашиот одговор и сега ќе биде поразителен, и ќе зажалите за тоа што го сторивте – изјaви генерал Хусеин Салами, заменик командант на Револуционерната гарда, при погребот на убиените војници.
Револуционерната гарда е елитната армиска единица на Иран, а 12 од убиени лица се војници на Гардата. Повеќето од жртвите се од Ахваз или од пошироката нафтена област Хузестан.