Креативно катче
Финалниот натпревар во работење со глината „џампинг клеј“ се одржа изминатиот викенд, под покровителство на „Колибри“.
Изработувајќи ги фигурите на зададена тема, младите креативци дадоа сè од себе и го покажаа сето свое знаење во техниката на „џампинг клеј“.
Сите изработки на снешко беа прекрасни, па на сертифицираната инструкторка Весна Георгиевска-Блажевска ѝ беше многу тешко да донесе одлука чија изработка е најдобра, па затоа секое дете си отиде со подарок од „џампинг клеј“.
Сепак, фигурата на Филип Трпчевски беше технички најдобро направена, па во согласност со тоа, тој ја освои првата награда.
А за тоа колку е корисна работата со веселата глина „џампинг клеј“ (Jumping Clay), еве што вели Весна Георгиевска-Блажевска:
– Со нашата весела глина, најмалите креативци на курсевите за предучилишна возраст, со помош од сертифицирани инструктори, прават фигури. Нашиот слоган е: „Глината не е само да се гмечи и сучи, со неа се игра и се учи“. Ова претставува креативен и забавен процес на едукација, низ кој најмалите ги развиваат сите вештини, кои потоа ќе им бидат корисни кога ќе одат на училиште.
Децата низ работата со глината ги учат различните бои и форми, добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина. Низ целиот процес на гмечењето на глината, без да почувствуваат замор и без да им е здодевно, тие учат, набљудуваат, анализираат, решаваат проблеми… Особено е важно што почнуваат да размислуваат сами, развиваат свои идеи, стекнуваат самодоверба, стануваат љубопитни и ги развиваат и ги подобруваат друштвените интеракциски вештини кога работат во група.
И уште нешто, во креативното катче „Џампинг клеј“ во Скопје може да ги прославите и најубавите родендени на целиот свет, а исто така можете да изберете и од следните активности:
– згрижување деца на возраст над пет години (дневно, неделно, месечно, работење по програмата „Џампинг клеј“);
– креативно-едукативни курсеви по „Џампинг клеј институт оф арт“ (Jumping ClayInstitut of Art) (со физичко присуство), еднаш или двапати неделно;
– креативно-едукативни курсеви по „Џампинг клеј институт оф арт“ (онлајн) еднаш или двапати неделно;
– индивидуални работилници (со физичко присуство);
– саботни тематски работилници (со физичко присуство);
– теренски родендени (едукативна креативна работилница, во која се вклучени сите материјали).