Почна транспортот на посмртните останки на загинатите во Бугарија до нивните вечни почивалишта, по речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона. Посмртните останки од бугарските авиони ги преземаа припадници на Армијата и ги пренесоа до погребалните возила.
Поворката тргна од скопскиот аеродром каде последна почит на загинатите со положување венци им оддаде државниот врв, како и претставници на државните заедници.
На загинатите почит може да им оддадат и граѓаните на плоштадот „Скендербег“ во Скопје каде се поставени венци.