Хрватската Влада донесе донесе нови мерки поради новиот сој на коронавирус, омикрон.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ истакна дека Штабот за цивилна заштита донел седум нови одлуки на национално ниво.
До 15 декември е продолжено времетраењето на епидемиолошките мерки за пет решенија кои се однесуваат на ограничување на собири, привремена забрана и ограничување на преминување на граничните премини на Република Хрватска, употреба на маски за лице, работа на продавници и јавен превоз.
– Со оглед дека новиот вид има потенцијал да биде многу позаразен, голем број земји усвоија нови построги мерки во однос на патувањето, ограничување на влезот за лица кои доаѓаат или престојувале во последните 14 дена во Јужна Африка, Боцвана, Есватина, Лесото, Намибија, Зимбабве и Хонг Конг, додека одлуката од 30 ноември за ограничување на влезот во Хрватска важи и за Република Мозамбик – нагласи Божиновиќ.
Како што рече, во одлуките се предвидува и задолжителен карантин за државјаните на Хрватска кои доаѓаат од тие земји во траење од 14 дена од денот на влегувањето во Хрватска и задолжително тестирање на последниот ден од карантинот.
Мерката за безбедност се применува до 15 декември.