Главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацови на Водно“, која требаше да се одржи денеска се одлага откако е добиено известување дека еден од обвинетите се наоѓа во домашна изолација по добиен позитивен тест на ковид–19, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
Согласно протоколите за заштита од ковид–19 главната расправа ќе се одложи со цел да помине периодот за изолација, а судењето ќе продолжи на 2 декември во 10 часот, за што странките во постапката се веќе известени, се додава во писменото известување од Судот.