Информираме дека до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници, стои во писменото соопштение од кабинетот на собранискиот спикер.
Со ова, според последните анализи во јавноста, ревидираниот список, со кој опозицијата бара изгласување ннедоверба на Владата, има потписи од 17 пратеника помалку. Ова е направено заради тоа што пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи побара повлекување на потписите на пратениците од Левица како услов неговиот потпис да остане на списокот.
ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник. Иницијативата уследи откако премиерот Заев заклучно со понеделникот не ја поднесе оставката најавена по локалните избори.