Кина е подготвена на вистински начин да пристапи кон разликите со САД за билатералните односи што побргу да се вратат на вистинскиот пат, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во пресрет на онлајн средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Во писмото што го прочита кинескиот амбасадор во САД, Чин Ганг, синоќа на вечерата на Националниот комитет за американско-кинеските односи во Вашингтон, Си Џинпинг исто така рече дека Кина е подготвена да соработува со САД за регионални и глобални прашања.
Датумот на самитот Си – Бајден не е објавен, а „Ројтерс“, според информациите испратени на тоа прашање, наведува дека се очекува да се одржи следната недела.