Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, изминатите неколку дена ги помина во болница поради пневмонија, изјави денеска неговиот портпарол Роберто Куиoо.
– Претседателот на Европскиот парламент Сасоли беше пренесен во болница во Стразбур во средата, 15 септември. По лекарските прегледи било утврдено дека има пневмонија, и третманот започнал веднаш. Тој е во добра состојба – изјави Куиoо.
Како резултат на тоа, тој отсуствуваше минатата недела кога шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лејен, го одржа својот говор за состојбата на Европската унија во парламентот – една од главните годишни ставки во политичкиот календар на блокот.
Тестовите за ковид-19 биле негативни, откако 65-годишниот Сасоли се пожалил на треска.