Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спровеле заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите во Скопје.
– Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави – нагласуваат од Царинската управа.
Како што се информираа во соопштението, цел на акцијата била контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.