Здравствениот работник Ферди Шакири е еден од настраданите во стравотниот пожар што синоќа се случи во тетовската модуларна болница, каде што загинаа 14 лица.
„Со длабока тага ги известуваме сите наши соработници – пациенти дека во синоќешниот пожар на 8.9.2021 трагично го загуби животот нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, пишуваат од „Бамикор медика“, Тетово.
Според тековните информации, Шакири бил пациент во тетовската модуларна болница, тој имал Ковид-19, но последниот тест му бил негативен и можел да ја напушти болницата. Сепак, решил да остане уште еден ден на болничко лекување, а дополнително и за да им помага на колегите. Токму тој ден се случил и пожарот, во кој Шакири го загуби животот.