Ел Салвадор е сиромашна земја и далеку од модерните технолошки трендови. Најголемиот дел од граѓани немаат ниту банкарска сметка, а многумина немаат и интернет. Но тоа не ја спречи салвадорската влада и нејзиниот 40-годишен претседател Наџиб Букеле во прилично смелиот експермент.
Државата ги поттикнуваше граѓаните да почнат да го користат биткоинот како средство за плаќање, а владата донираше биткоини во вредност од 30 долари за секој граѓанин.
Меѓутоа поради падот на вредноста на биткоинот, кој во еден момент се намалил од 52.000 на 43.000 долари, Ел Салвадор загуби три милиони долари. Некои од експертите велат дека воведувањето на дигиталната валута може да ја уништи економијата на Ел Салвадор и да создаде дополнителни проблеми на сиромашните, поради нестабилноста на таа валута.