ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Словенечкиот велосипедист Примож Роглич е на чекор третпат во низа да триумфира на грантур-трката Вуелта, која се вози во Шпанија. Тој на три етапи до крајот на трката го зголеми водството на две минути и 30 секунди пред второпласираниот, Шпанецот Ерик Мас, и за уште 23 секунди повеќе пред третопласираниот, Колумбиецот Мигуел Анхел Лопез, кој триумфира на 18-та етапа, долга 162,6 км, која беше планинска и мошне тешка за возење, со нагорнини до целта и од 17 отсто. Вчера се возеше 19-та етапа (191 км), а по уште едно денешно ридско возење, трката завршува утре со индивидуален хронометар во Сантијаго де Компостела.