Најмалку пет лица загинаа, а 90 се повредени во серија експлозии во воена база во јужен Казахстан, јавуваат светските агенции.
До експлозиите дошло откако избувнал пожар во база во провинцијата Замбил, каде што биле складирани експлозиви, изјави министерот за одбрана Нурлан Јермекбаев.
BREAKING: Massive explosion rocks military warehouse near Taraz, Kazakhstan pic.twitter.com/n3KBIeTZ0k
— BNO News (@BNONews) August 26, 2021
Пет војници загинаа додека се обидуваа да го локализираат огнот, што дополнително предизвика десетици експлозии.
Складираниот експлозив беше префрлен во таа воена база во 2019 година од градот Арис, по слична експлозија во која исто така загинаа четири лица.
Властите евакуираа стотици луѓе кои живееја во таа област и го затворија главниот пат што ја поврзува провинцијата Замбил и најголемиот град Алмати.