СЕРИЈА А
Во италијанската Серија А, Интер на импресивен начин, со висока победа над Џенова (4-0), ја почна одбраната на титулата пред своите навивачи на стадионот „Џузепе Меаца“. Доскорешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев (38), беше во почетната постава на Џенова, со која неодамна ја продолжи соработката за уште една сезона. Босанецот Един Џеко, кој летово дојде во Интер по шесте сезони минати во Рома, го постигна четвртиот гол на мечот, на 200-от меч во Серија А.
Лацио со Мауруцио Сари на тренерската клупа го совлада Емполи со 3-1, а Аталанта беше подобра од Торино, 2-1.