Домување
Направете ѕид-галерија: наредете слики, цртежи, фотографии, графики, постери од подот до таванот… На овој начин, ѕидот ќе биде доминантен и ќе изгледа како уметничко дело.
Закачете огледала: бидејќи рефлектираат светлина и отсјај, огледалата го прават просторот да изгледа поголемо. Колку повеќе од нив на едно место и колку поразлични големини и форми, толку ефектот е повпечатлив.
Насликајте мурал: во овој случај најмногу се истакнуваат креативната страна и оригиналноста. Ако не сте сигурни дека можете сами, ангажирајте пријател што е во уметничката сфера.
Поставете полици: кабинетите и полиците на кои нема заден дел ќе бидат одлични, бидејќи ќе овозможат да се види ѕидот зад нив. Ставете на полиците сѐ што ви е драго и важно: книги, чинии, фотографии, свеќници, вазни, растенија…
Не заборавајте на макраме: макраме е техника на врзување јазли, преку која се добиваат украсни предмети. Тие беа особено популарни во 1970-тите години, а денес се враќаат на голема врата, бидејќи изгледаат одлично на ѕидот поради нивната необична текстура.