На денешен ден пред пет години Скопскиот регион го зафати временска непогода со катастрофални поплави кои однесоа 22 човечки животи, а над 1.000 граѓани беа евакуирани.
Најпогодени беа Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново.
Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.
Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.
8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост.