Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира во врска со испораката на електрична енергија во пределите каде што е регистрирано привремено исклучување и прекин во снабдувањето поради пожарите, дека во моментов испораката во регионот на Кочани во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира.
Исто така од РКЕ додаваат дека складот на „Макпетрол“ не е зафатен од огнената стихија и нема нарушување на пазарот со нафтените деривати.
– Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, додека се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на Електродистрибуција се на терен. Во однос на складовите со нафтените деривати каде се и дел од државните резерви не се зафатени од пожарот – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.