Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба на најмалку 23 жени во текот на изминатата деценија, пишува „Њујорк пост“.
Брајан Џефри Рејмонд од Ла Меса се изјасни за виновен по обвиненијата за сексуална злоупотреба и дистрибуција на непристоен материјал, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Четириесет и петгодишниот Рејмонд го напушти Мексико откога една жена беше пронајдена гола и бараше помош од неговата тераса на 31 мај 2020 година, според судските документи. Таа рече дека не се сеќава на настанот по замањето на пијалаците и храната што тој ѝ ги донел, пренесуваат агенциите.
Раката на Рејмонд е видлива на фотографиите и видеата, како и устата, очите, рацете и нозете на неговите жртви. На тие фотографии тој ги гали по градите и задникот. Исто така, се гледа дека Рејмонд лежи во кревет со жени што се во несвест. Жртвите се соочувале со губење на меморијата за време на престојот кај Рејмонд и не знаеле за фотографиите, видеата и физичкиот контакт – велат официјалните лица.
За време на истрагата, ФБИ утврдила дека Рејмонд пребарувал на интернет-страници поврзани со ефектите од употребата на дрога и алкохол.
За време на истрагата што следуваше агентите пронашле стотици фотографии и видеа на кои се прикажани повеќе од 20 несвесни голи или делумно голи жени на мобилните телефони на Рејмонд, се вели во соопштението.
Во спогодбата за вина Рејмонд признал дека имал сексуални односи со две жртви во својата резиденција во Мексико Сити. Тој посочил и дека жртвите не биле во можност да му дадат согласност.
Тој исто така признал дека во текот на 14 години фотографирал најмалку 20 жени и дека ги допирал нивните интимни делови од телото.
Се соочува со максимална казна доживотен затвор, соопштија надлежните.
– Брајан Рејмонд ја изневери довербата што му беше укажана како вработен во американската влада бидејќи со години ги злоупотребува, експлоатира и ги снимаше жените што ги таргетира во Соединетите Американски Држави и други делови на светот – изјави помошникот на државниот обвинител, пренесуваат агенциите.