Полицијата утрово ја приведе 37-годишната Ј.Р. од Свети Николе.
Доцна синоќа жената била донесена во Градската болница, откако претходно се јавила во полицијата и пријавила дека била нападната во Центар. Рекла дека нападот го извршиле неколку лица со тврд предмет.
Кога полициските службеници дошле во болница за да ѝ земат изјава, ја привеле за нарушување на јавниот ред и мир.
Од МВР велат дека жената агресивно се однесувала кон полициските службеници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.