Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, ќе биде тема на дискусија на денешната седница на собраниската законодавно-правна комисија.
Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година. Овој закон ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.
Законот нема да предизвика фискални имликации и за неговото спроведување не се потребни дополнителни финансиски средства од буџетот, според Владата која е прелагач.
Законодавно-правна комисија на седницата треба да расправа и по предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од Љатифе Шиковска.