Дваесет и шестгодишен прилепчанец бил испрскан со спреј, а потоа ограбен на улица во Струга.
Според полицијата, вчера во Струга во 14,20 часот Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата „Битолски конгрес“ физички бил нападнат од страна на три непознати лица кои потоа го испрскале со спреј (солзавец) и му го земале ранецот во кој имало 8.800.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.